ММФ со ревидирана оценка за раст на македонската економија

33

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидира стапката на раст, од април, на македонската економија на 3,2%.

Според проекциите на ММФ, во 2020 година се очекува растот на Македонија да биде 3,4%, а до 2024 година да достигне 3,5%.

Од земјите во регионот, највисока стапка на раст се предвидува да оствари Косово со 4,2%, по што следуваат Србија со 3,5%, Црна Гора, Хрватска и Албанија со 3%.

За светскиот економски раст, ММФ нотира дека оваа година ќе забележи раст со најслабо темпо од почетокот на глобалната финансиска криза. Се очекува светската економија оваа година да порасне за 3%.

Фото: Pixabay