ММФ: Светскиот економски раст оваа година најслаб од глобалната криза

21

Светската економија оваа година ќе забележи раст со најслабо темпо од почетокот на глобалната финансиска криза, оценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Причина за тоа се трговските пречки и геополитичката нестабилност, поради што ММФ ги намалува проценките за раст за оваа и за следната година. Се очекува светската економија оваа година да забележи раст од 3%, а за следната година за 3,4%. Во текот на минатата година, светската економија имаше пораст од 3,6%.

Во САД растот би требало да забави на 2,4% од 2,9% во 2018 година. Според ММФ, економскиот раст на САД следната година се очекува да биде на ниво од 2,1%.

Во еврозоната, растот оваа година ќе се позиционира на 1,2%, а следната година 1,4%. Меѓу четирите најголеми економии во евро зоната, најголемо забавување ќе забележи Германија, со раст од 0,5%, а за следната година се очекува да биде 1,2%.

Фото: Pixabay