Многу туристи, а ниеден заболен – место во регионот каде нема корона

172

Хрватскиот остров Ластово има 760 жители и од почетокот на пандемијата до денес нема ниту еден потврден случај на заразен од коронавирус.

Репортажата на Slobodna Dalmacija открива раритетна епидемиолошка ситуација на островот во изминатите девет месеци колку што е присутен Ковид-19 во Хрватска.

“Немаме конкретно објаснување зошто на островот не е забележан ниту еден случај на заразен сето ова време“, потврди Мaргарет Хропиќ, шефица на Кризниот штаб на Ластово.

Таа вели дека летово имале многу туристи. Луѓето ги почитуваат, но и ги прекршуваат мерките и нема некое поинакво однесување кое го практикуваат во нивната област.

Бизнисменот Марселин Симиќ, кој е сопственик на ресторан и марина на која, како што наведува, летово имало до 30 закотвени јахти, вели дека целиот остров е една голема изолација.

“Се внимаваше кога се излегуваше на брегот, се внимаваше на траектот и катамаранот. Секој од нас навистина се грижи со кого ќе застане тогаш и како ќе се однесува. Грижете се за соседот и за секоја личност на островот. Затоа што кога се грижам за него, се грижам за сè и за себе“, вели тој.

Фото: Facebook