Мобилен телефон за слепи лица: Брајова азбука на тастатурата испечатена на 3D принтер

478

mobilen za slepi lica

Британската компанија OwnFone го дизајнираше првиот мобилен телефон за слепи лица, во кој е вградена Брајовата азбука.

На овој начин, мобилните телефони ќе бидат полесни за ракување, а нивната цена, од околу 75 евра, ги прави подостапни за лицата со овој вид на хендикеп.

Предната и задната страна на уредот е направена со помош на 3D принтер, така што овој телефон не само што е ефикасен, туку користењето на оваа технологија го прави да биде со пониски трошоци.

“3D печатењето ни овозможи брз и евтин начин да ги направиме копчињата со Брајова азбука“, вели Том Сандерленд, креатор на OwnFone.

За оние кои не ја знаат Брајовата азбука, но сепак сакаат ваков мобилен телефон, Сандреленд им дава можност да го дизајнираат по сопствен вкус, а на копчињата наместо знаци ќе има букви.

ownfone-640x580

“На дел од копчињата, што е особено важно за слепите лица, ќе може да се меморираат важни телефонски броеви, како што се оние на членови од семејството, пријателите или службите за итни случаи“, додава Сандерленд.