Мобилна сала за состаноци што се поставува за неколку секунди

80

mobilna sala za sostanoci

Институтот за Технологија Масачусетс (MIT) и технолошката компанија Google создадоа мобилна сала за состаноци што може да се постави за многу кратко време, пишува Arch Daily.

Станува збор за конструкција, што се поставува на таванот од просторијата, и со само еден потег се трансформира во сала за состаноци. Голема предност е тоа што заштедува простор и не бара многу време за монтажа.

mobilna sala za sostanoci 1

Конструкцијата, којашто има пречник од три и висина од 2,5 метри, е направена од дрво и фиберглас. Составена е од 36 шипки од фиберглас, коишто се меѓусебно поврзани. Приватноста при одржување на состаноците, ја обезбедуваат закривените ленти од фурнир. Внатрешноста на мобилната канцеларија е обложена со филц, којшто ја намалува вревата од надвор.

Мобилната сала за состаноци може да прими до осум луѓе, кои можат да седат или да стојат. Освен за состаноци, може да се користи и како просторија за одмор.

mobilna sala za sostanoci 2