Мобипеј – нова услуга на Т-Мобиле и НЛБ Тутунска банка

21

mote_slide_mobile-payment1Почнувајќи од денес, клиентите на Т-Мобиле и НЛБ Тутунска банка ќе можат да плаќаат преку своите мобилни телефони, благодарение на новата услуга Мобипеј.

Станува збор за едноставна и сигурна услуга, за прв пат достапна во Македонија, за микро плаќања во маркети, продавници, ресторани, кафе барови и сл.

“Мобилното плаќање е една од оние услуги каде новата технологија е целосно во функција на корисникот. Пред само дестина години мобилниот служеше единствено за разговор и СМС, а сега станува мултифункционална алатка, се во едно, која на крајот на денот го прави животот полесен, а тоа и треба да е крајната цел на модерните технологии. Со мобилното плаќање мобилниот телефон добива уште една улога – станува виртуелен паричник”, рече на денешната промоција на услугата главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија, Жарко Луковски.

Според него, ова е идеален момент на премин на микро плаќање и дека дефинитивно во иднина ќе стане средства за плаќање.

Услугата можат да ја користат и припејд и постпејд корисниците на Т-Мобиле Македонија, преку сите модели на мобилни телефони. За користење на истата корисникот треба да има трансакциска сметка во НЛБ Тутунска банка за да се изврши плаќањето. Во првата година со цел да се промовира услугата нема да се наплаќа провизија за трансакцијата.

“НЛБ Тутунска банка како современа и иновативна банка и овој пат е прва банка на пазарот која заедно со Т-Мобиле воведе нова и единствена можност за плаќање во продажните места директно со мобилен телефон. Преку Мобипеј функционалноста на корисниците на нашите услуги првпат ќе им овозможиме користење на средствата што се наоѓаат на сметка во банката преку мобилен телефон”, истакна претседателот на УО на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски.

Покрај Т-Мобиле и НЛБ Тутунска банка кон оваа нова услуга може да се приклучати другите банки и компании.