Акционерското друштво Мода од Свети Николе, од јануари до септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 23.147.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во деветте месеци од 2015 година, компанијата оствари загуба од 26.603.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, во период од први јануари до 30-ти септември 2016 година, достигнаа 186.143.000 денари. На домашен пазар се остварени 19.794.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 166.349.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во истиот период лани беа на ниво од 147.146.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 17.985.000 денари, додека на пазари во странство имаа вредност од 129.161.000 денари.
Мода од Свети Николе се занимава со производство на лесна конфекција. Главниот производ е машката кошула и годишно се произведуваат над еден милион парчиња.