Акционерското друштво Мода од Свети Николе во првото полугодие од 2016 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 19.108.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во првите шест месеци од 2015 година, компанијата прикажа загуба од 26.137.000 денари.
Вкупните приходи од продажба од јануари до јуни оваа година достигнаа 125.308.000 денари. Поголемиот дел или 111.909.000 денари се реализирани на пазари во странство, додека на домашниот пазар приходите беа на ниво од 13.399.000 денари.