Model 3 на Tesla со опција да се вози на лизинг

31

Фото: Tesla

Tesla почна да нуди лизинг на Model 3 во САД, сметајќи дека со таа финансиска опција ќе ја зголеми базата на корисници на електрични возила, пишува Reuters.

Според Tesla, корисниците во САД ќе може да го изнајмат овој автомобил со извесна сума како аванс и потоа да вршат месечни исплати, но нема да имаат опција да го купат автомобилот на крај.

Најниската цена на Model 3, достапен онлајн во САД e моделот Standar Plus, со вграден Avtopilot, изнесува 39.500 долари.