Моделите на Rolls-Royce добија надградба од јаглеродни влакна

126

rolsШпанската дизајнерска куќа Bengala Automotive и американската компанија Vitesse AuDessus претставија иновативна програма од јаглеродни влакна за моменталните Rolls-Royce модели како Phantom, Phantom Coupé, Phantom Drophead Coupé, Wraith, Dawn и Ghost.

Материјалот е компресирана јаглеродна матрица што е слична на вештачкиот јаглерод произведен од Lamborghini и Callaway. Употребата на овој материјал за естетски цели се случува за прв пат во автомобилската индустрија, пишува Composites Manufacturing.

Програмата исто така нуди и тркала од овој материјал коишто се полесни и поцврсти од титаниум. Штом клиентот ќе ги нарача деловите, треба да поминат три до четири недели за истите да се изработат. Достапни делови за замена на постоечките се огледала, хауба, шофершајбна, покрив, преден капак и решетка.

karbonrols rLarge Image_9690