Moderna објави дека нејзината вакцина е 94,5% ефикасна против Ковид-19

32

Американската биотехнолошка компанија, Moderna објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 има ефикасност од 94,5% кај лицата во клиничките испитувања, што е слично на 90% ефикасност колку што покажа вакцината на Pfizer и BioNTech.

Тоа значи дека ризикот од заболување од Ковид-19 е намален за 94,5% по големото клиничко испитување во коешто учествуваа две групи: едната доби плацебо, а другата ја доби вакцината на Moderna.

Анализата покажала дека кај првата група имало 90 заразени, а во споредба со само пет од втората група. Во соопштението, компанијата наведува дека лицата кои се заразиле не развиле тежок облик на Ковид-19, а во групата со плацебо, тешка клиничка слика развиле 11 лица.

Доколку и кај општата популација се постигне истото ниво на ефикасност, тогаш ќе стане збор за едно од најефикасните и достапни вакцини.

Според прелиминарните резултати, ефикасноста на Pfizer е 90%, а руската вакцина Sputnik V е 92%.

Фото: Freepik