Moderna очекува 18,4 милијарди долари од продажба на вакцини

23

Фармацевтската компанија Moderna објави дека потпишала договори за испорака на вакцини од 18,4 милијарди долари за оваа година, пренесува CNBC.

Во своето соопштение за кварталните резултати, американската компанија информира дека нејзиниот главен медицински директор, Тал Закс, ќе ја напушти Moderna на крајот на септември оваа година.

Компанијата очекува производство на околу 700 милиони вакцини оваа година, а очекува производство на 1,4 милијарда вакцини за следната година.

Pfizer, чии вакцини исто така се одобрени во САД, очекува оваа година да продаде вакцини во вредност од 15 милијарди долари.

Фото: Facebook