Моето такси – нова мобилна апликација за повикување такси во Скопје

79

MoetoTaksi

Новата мобилна апликација Моето Такси овозможува брзо и едноставно повикување на такси возило на било која дестинација во Скопје, се вели во соопштението.

Со само неколку кликови, патникот има можност да повика возило, да го следи сè додека не пристигне до бараната дестинација и да биде во константна комуникација со возачот.

Моето Такси е во употреба во најголемите такси компании во Македонија – Наше Такси, Лотус и Сонце, а во план е понатамошно ширење на соработките и со други такси компании. Апликацијата во моментов е прилагодена само за Android уреди, но наскоро следува iOS верзија.

За да може корисниците да ја преземат апликацијата, може да го скенираат овој QR код:

QR_kod_MoetoTaksi

“Нашата цел е да направиме практична алатка која ќе ви користи во вашето секојдневие, без разлика дали имате потреба од јавен превоз додека одите на работа, на училиште/факултет или едноставно одите да поминете време со пријателите. Создадовме алатка која ќе го поедностави начинот на брзо наоѓање такси превоз во секој период во денот, при што ќе ги доближиме и олесниме контактите меѓу вас како клиенти и такси превозниците“, велат од тимот на Моето такси.