МојДДВ: Скенирани 22,6 милиони фискални сметки, повратот на ДДВ е три милиони евра

63

Од први јули до вчера (30.09.2019 година) граѓаните скенираа 22.670.713 фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, со цел поврат на 15% од пресметаниот ДДВ.

Апликацијата МојДДВ има 170.378 корисници, а од скенираните фискални сметки е остварен промет од 11.423.978.620 денари, износот на ДДВ е 1.241.434.628 денари, додека повратот на ДДВ достигна 186.215.194 денари или три милиони евра, соопштуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Сите физички лица кои се регистрирани на системот е-Персонален данок, преку апликацијата МојДДВ ќе можат да го скенираат бар кодот од фискалните сметки и да го остварат правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.