Моќен придружник на најзафатените – Самсунг Галакси С10+

31

Зад секој успешен бизнис се крие некоја идеја, зад секоја идеја се крие успешен тим, а на секој тим му се потребни вистинските алатки кои ќе ја следат неговата динамика и ќе го олеснат секојдневието. А дефинитивно, најважниот додаток и алатка во ова модерно време е мобилниот уред. Децениското истражување, иновирање и имплементирање на компанијата Самсунг резултираше со најновиот смартфон од линијата Галакси С – Самсунг Галакси С10 +. Моќен, уникатен, препознатлив. Создаден за потребите на модерниот успешен човек, дизајниран за лесно управување и креиран внимателно, до најмал детаљ.

Најновото “чудо“ на компанијата Самсунг плени со “Infinity-O“ екран кој овозможува непречен приказ за корисникот, огромен спектар на бои, а заоблените рабови создаваат неверојатно удобно чувство за држење и ракување на уредот со една рака. Благодарение на вештачката интелигенција која учи како корисникот управува со телефонот, најновиот смартфон го следи фуриозното темпо на живот на корисникот овозможувајќи максимална искористеност на батеријата со капацитет до 4100 mAh, која нема да ве остави кога ви е најпотребна. А пак за оние кои уживаат и имаат потреба од креирање слики, податоци, видеа, моменти тука е внатрешната меморија од 1 терабајт. За сите моменти, за најубави спомени. Не пропуштајте ниту еден миг.

Безбедноста пак е на едно ново, поинакво и посилно ниво. Со првиот во свет, ултразвучен скенер за отпечатоци на прсти кој ги чита три-димензионалните контури на прстот секој податок на корисникот се чува безбедно, налик на сеф. Сега сите ваши деловни податоци ќе бидат безбедни од туѓите очи. Но сепак, за успешна кариера, односно успешен бизнис, потребен е баланс. Затоа во слободното време искористете ги неверојатните карактеристики на предната и задната камера, со “Dual Pixel“ сензор, ултраширок објектив со видно поле од 123 степени кој одговара на човековото око и 16 мегапиксели.

Со овие перформанси претворете се во вистински професионален фотограф. За љубителите на опуштање во ноќните часови и за сите оние кои сакаат пред спиење да видат што има ново во светот на бизнисот, Самсунг Галакси С10+ пристигнува со опцијата “Nightmode“- опција која ја прилагодува светлината на уредот за квалитетно користење во темнина. Едноставно, создаден за баланс и уживање. Ја следи вашата динамика.