Montblanc во чест на Лучијано Павароти

41

luksuz-fancy-olovke_99Германскиот производител на разни видови пенкала, часовници, накит и производи од кожа Montblanc, ја посвети својата последна колекција на најголемиот тенор на сите времиња, Лучијано Павароти.

Лимитираната колекција луксузни пенкала Montblanc Patron of Art Luciano Pavarotti, го слави животот и делото на славниот оперски пејач, кој повеќе од 50 години го воодушевуваше светот со својот глас. Пенкалата се направени од најквалитетни материјали и ќе бидат достапни во три различни верзии.

Limited Edition 4810 е инспирирана од неговиот црн смокинг со бела кошула и машна. Тука спаѓа и пенкалото со тиркизни детали и цветен дизајн, кое многу потсетува на хавајските кошули на тенорот, што тој често ги носеше во малку поопуштена варијанта. Инструментите за пишување се крунисани и со познатото лого на Montblanc- белата ѕвезда.

Limited Edition 888 е со печат на операта Turandot од Пучини и аријата Nessun Dorma, со која Павароти стана глобална сензација. На пенкалата се гледа црно бел змеј, со светкави црвени очи, во чест на тематиката во операта.

Најлуксузната од сите верзии е Limited Edition 98, од која ќе се произведат само 98 парчиња. На нив ќе биде претставен митски кинески змеј направен од злато, цвет од јасмин и изгравирана силуета на тенорот како главна декорација.

luksuz-fancy-olovke_1luksuz-fancy-olovke_2luksuz-fancy-olovke_4