Moody’s го зголеми кредитниот рејтинг на НЛБ за две нивоа

16

nlb-banka-novo-logo-580x390

Вчера, меѓународната агенција за рејтинг Moody’s го подобри долгорочниот рејтинг на НЛБ за две нивоа на Ba1 од Ba3. Оцената беше преименувана во стабилна.

Како што е наведено од страна на рејтинг агенцијата Moody’s, зголемувањето на кредитниот рејтинг се должи на подобрената бизнис – клима во Словенија и понатамошниот напредок во управувањето со кредитното портфолио на Банката, стои во соопштението на Банката.

Moody’s го истакна подобрувањето на кредитното портфолио на НЛБ, нејзината профитабилност и одржување на висока адекватност на капиталот.