
Директорот на „Сименс“ (Siemens), Роланд Буш, ги критикуваше актуелните економски мерки, изјавувајќи дека бројот на луѓе кои работат со скратено работно време е преголем …
Германската влада неодамна најави пакет реформи за да ја разбуди економијата која во изминатите неколку години стагнираше. Директорот на „Сименс“, Роланд Буш, оцени дека реформите се занимаваат со многу важни проблеми, но се далеку од тоа да ги решат сите.
Буш е член на економската иницијатива „Made for Germany“, која обединува 139 компании и инвеститори. Кон крајот на септември планира разговори со сојузната влада за нови реформи. Пред една година на таа тема го имаа првиот состанок со канцеларот Фридрих Мерц.
„Сега мерките мора брзо и видливо да се спроведат, а потребно е да се покренат и дополнителни реформи“, рече Буш.
Тој посебно го критикуваше флексибилното работно време, додавајќи дека Германија е „единствената земја која го регулира работното време по ден, а не по недела“. Смета дека бројот на вработени со скратено работно време е преголем.
„Сè на сè, мораме да работиме повеќе во Германија“, нагласи Буш.
Треба да се потсети дека Евростат кон крајот на мај објави податоци за времетраењето на работната недела во одделни европски земји во текот на минатата година. Интересно, лани најмалку се работело во Холандија (31,9 часа), Данска и Германија (33,9 часа).











