Morgan Stanley за 13 милијарди долари купува онлајн брокерска компанија

35

Американската инвестициона банка Morgan Stanley ја купува онлајн брокерската компанија E – Trade за 13 милијарди долари, пишува CNN.

Со оваа трансакција, Е – Trade ќе добие повеќе од 5,2 милиони кориснички сметки и компании, како и 360 милијарди долари од граѓаните кои тргуваат на берза преку таа брокерска компанија.

“Е – Trade претставува одлична прилика за раст на нашиот бизнис поврзан со управување со богатството и голем чекор напред во нашата стратегија“, вели Џејмс Горман, главен извршен директор на Morgan Stanley.

Акциите на E – Trade забележаа скок од 24%, додека вредноста на Morgan Stanley се намали за над 4%. Договорот за преземање доаѓа три месеци откако конкурентот на E – Trade, Charles Schwab и TD Ameritrade најавија преземање од 26 милијарди долари.

Фото: Pexels