Московската берза излегува на берза

39

moskovksa berzaЦентралната руска берза објави дека планира да спроведе иницијална јавна понуда на своите акции. Овој потег е дел од промоцијата на Москва како светски финансиски центар, наведува Wall Street Journal.

Точниот термин на јавната понуда се уште не е познат, но мора да биде пред 30 јуни, рок што е наведен во договорот за спојување на берзите Micex и RTS.

Московската берза своите акции планира да им ги понуди на големите институционални инвеститори, но и на мали инвеститори од Русија и странство. Извори блиски на Московската берза велат дека во јавната понуда ќе бидат околу 500 милиони долари акции.

Во декември 2011 година, кога се здружија берзите Micex и RTS, вредноста на заеднничката компанија беше проценета на 4,5 милијарди долари. Тоа значи дека сегашните сопственици ќе продаваат околу една десетина од компанијата, односно новите сопственици нема да имаат никакво влијание.

Најголем сопственик на Московската берза, со удел од 24,3% е руската централна банка, а по неа е Сбербанка со удел од 10,3%. Двете банки објавија дека нема да ги продаваат своите акции на јавната понуда.