Мост од минатиот век издржа разорни земјотреси на југот на Турција

60

Меѓу монументалните градби кои ги преживеаја неодамнешните разорни земјотреси на југот на Турција е импозантниот Германски мост или вијадуктот Вара кој се наоѓа во областа Голбаши во провинцијата Адијаман, јавува Анадолија.
Мостот на реката Гокса е изграден во 1929 година како дел од проектот за железница Истанбул-Багдад, а надлежните служби утврдиле дека не е оштетен од земјотресите што на 6 февруари ги погодија тие турски региони.

Овој историски мост е долг 280 метри и висок 35 метри и има 12 стапки и седум сводови.

Денес, тој мост се користи како вијадукт до железничките пруги за транспорт на сурова железна руда од Малатија до Хатај, но моментално е затворен поради оштетување на другите делови на пругата.