Мотивација за пример: По еден нов автомобил за сите 4.116 вработени

102

Иако поради пандемијата во последно време сè повеќе пишуваме за компании што се принудени да отпуштаат вработени, да им ги намалуваат платите, да ги испраќаат на принуден одмор… има една компанија во Кина што фрла зрак надеж во оваа ситуација.

Станува збор за компанијата Jiangxi West Dajiu Iron & Steel Corporation, којашто на сите 4.116 вработени им подари по еден нов автомобил како награда за надминатите резултати во изминатите пет години, пренесува Luxury Launches.

Вкупно 2.933 од вработените добија Ford Territory, додека на останатите 1.183 им припадна по еден Volkswagen Magotan. За овој подарок, што им се дава пред Денот на државноста во Кина, компанијата одвои 74 милиони долари. Освен автомобилите, вработените ќе добијат и бесплатна регистрација, платен данок и подмирено петгодишно осигурување.

Фото: YouTube – screenshot