Мотор и Голум победници на третиот конкурс Отпад за уметноста

27

bf8d4294-770f-4836-8e16-44faae67ee88 Во организација на Пакомак, на конкурсот со наслов Отпад за уметноста, добитници на главните награди се макетите насловени како Мотор од авторот Дарко Базерко и Голум од гимназијата Никола Карев од Скопје.

Конкурсот оваа година беше отворен за две категории и тоа поединци и училишта, а учествуво земаа околу 200 интересни и уникатни уметнички дела. Жири комисијата имаше навистина тешка задача да ги одбере најкреативните шест дела, поради големата конкуренција и големиот број на пристигнати дела.

На изложбата можеа да се видат најразлични животни, макети, дела со интересни новогодишни мотиви како Дедо Мраз и новогодишна елка, како и други креативни предмети изработени од амбалажен отпад.

„Драго ни е тоа што оваа година имавме голем одзив на наградниот конкурс. Пристигнатите уметнички дела покажаа дека е разбудена креативноста кај луѓето и дека најважната работа во креирањето е идејата и желбата, а не материјалот”, изјави Филип Ивановски, извршниот директор на Пакомак.

Првата награда во вредност од 50.000 денари во категоријата поединци ја доби уметничката креација Мотор изработена од делови од пластични шишиња, лименки од кафе и картон, од авторот Дарко Базерко.

Во категоријата училишта, првото место и припадна на гимназијата Никола Карев од Скопје со делото Голум изработено од хартија, лименки, пластика и други материјали. И тие добија парична награда во висина од 50.000 денари.

Посебната категорија, најубавата штедна касичка, специјална награда од ПроКредит Банка, која беше оваа година поддржувач на настанот, освои макетата Еж изработена од Софи Прокиќ.

Конкурсот на тема Отпад за уметноста се огранизира по трет пат, а главен огранизатор е Пакомак.