Може и нема да биде потребен корона тест за во Грција

118

Дополнителниот трошок од тестирање за коронавирус, може да одврати многу туристи од Грција, која живее од туризмот. Но, оптимистички најави доаѓаат од министерот за туризам, Харис Теохарис. Тој вели дека од први јули можеби тестирање и нема да биде потребно за да се влезе во земјата.

“Идејата е да се изврши инспекција во земјата од која ќе доаѓаат и во авионот да се чувствуваат сигурно и да знаат дека сите патници се негативни на коронавирус. Нашата замисла е сите да бидат тестирани, за сите да се чувствуваат безбедно на море, а не да се прашуваат дали некој до нив е заразен. Сепак, први јули е далеку и правилата може да бидат потполно изменети, односно тестирањето можеби и нема да биде задолжително“, рече Теохарис.

Фото: Pixabay