Може ли да претпоставите кој е најупотребуван збор годинава?

63

Lockdown или затворање е зборот на годината, со полно право бидејќи светот скоро цела година е преокупиран од пандемијата што ја предизвика Ковид-19.

Лексикографите во текот на оваа година регистрирале дека зборот lockdown е искористен над 250.000 пати, во однос на само 4.000 пати минатата година.

Според Collin’s dictionary – поимот lockdown или затворање се дефинира како “наметнување на строги ограничувања на движење, социјална интеракција и пристап на јавен простор“.

Шест од вкупно 10 зборови кои влегле во најтесниот избор за збор на годината се однесуваат на пандемијата, а меѓу нив се: коронавирус, самоизолација и социјална дистанца, пренесува ВВС.

Меѓу поимите што оваа година беа нјамногу користени се и Тиктокер, што според Collin’s Dictionary е “личност која редовно споделува или се појавува на видео записи на TikTok“. И зборот BLM или кратенка од Black lives Mattes (вреди црниот живот) се најде во потесниот избор, а значи “движење што води кампања против расно насилство“.

Фото: Freepik