Може ли искористените маски за лице да станат гориво?

49

Искористените делови од заштитната опрема, како што се ракавиците и заштитните маски за лице, би можеле да се претворат во течно гориво, покажува студијата на магазинот Biofuel.

Експерти од индискиот Универзитет за нафта и енергетика предложиле стратегија за управување со зголемените количини на отпад што го создаваат корисниците на заштитни средства со цел да се спречи ширење на заразата. Од искористените маски, ракавици, поради коронавирусот, се натрупува голема количина на отпад што станува голема закана за животната средина.

Токму поради тоа, како што пренесува Biznis i finansije, научниците смислиле начин како пластичниот отпад да се претвори во биогориво. Во спротивно, овој отпад може да биде закана за животната средина со децении.

Има повеќе начини за да се разгради пластиката, но научници од Индија решението на овој проблем го гледаат во пиролиза – долготрајно изложување на високи температури, но без контакт со кислород и други оксидативни средства. Таа, инаку се користи за рециклирање.

Фото: Pixabay