Може на секој човек во светот да му даде 15 долари и пак ќе биде милијардер

По 27 години брак, фамилијата Гејтс стекнаа огромно богатство, а трошат четири милиони долари годишно на даноци на недвижнини само во САД.

Бил и Мелинда Гејтс на Тwitter објавија дека се разведуваат. Својот имот ќе го поделат на традиционален начин, а многумина се прашуваат кој што ќе поседува во иднина.

За Бил Гејтс, еден од петте најбогати луѓе во светот, се вели дека не сака да троши пари за непотребни работи. Покрај компании, приватни авиони, скапи автомобили, Гејтс поседуваат и недвижнини во многу делови на светот.

Врз основа на стекнатото богатство минатата година, според Business Insider, Бил Гејтс заработува околу 4.630 американски долари во секунда.

Ова значи дека ако троши милион долари на ден, би биле потребни околу 400 години да го потроши цело богатство. Исто така, се наведува дека тој е побогат од британската монархија и има повеќе пари од најбогатиот Азиец. Ако на секој човек во светот му даде 15 долари, тој и понатаму би имал 28 милијарди долари.

Фото: Pixabay