Можна загуба од 800 милијарди евра за европските банки

88

Европските банки во следните три години би можеле да се соочат со загуби од 800 милијарди евра поради кредитни пласмани и намалување на приходите за 30 милијарди евра поради кризата предизвикана од коронавирусот, покажува истражувањето на консултантската компанија Oliver Wyman, пренесува Пословни дневник.

Според едно сценарио, лошите кредити ќе достигнат ниво од 400 милијарди долари, што е 2,5 пати повеќе одошто пред три години. Полошото сценарио предвидува уделот на лоши кредити да достигне ниво од 10% од вкупното кредитно портфолио на банките.

Петте најголеми банки во САД подготвија 55 милијарди долари за покривање на потенцијални загуби во текот на првото полугодие. Пандемијата негативно ќе се одрази и врз приходите на европските банки, најмногу поради долгорочно ниските каматни стапки.

Фото: Freepik