Можни подмрзнувања на некои делови од патиштата

21

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места.

Патниот правец Р-1103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, мост бр.9 преку реката Вардар, поради деформација, оштетување на мостот, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци и е пренасочен преку Криволак, патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се уште е на сила.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлечка сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.