Можно е годинава да се забрани увоз на возила под евростандард 5

82

Годинава веројатно ќе се зголеми стандардот за увоз на возила, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

“Оваа година би требало да се зголеми стандардот за увоз на возила во нашата држава. А, во однос на мерки ние веќе спроведуваме неколку мерки за вградување на плински уреди во возилата“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Бектеши вели дека се бараат средства за уште две мерки со едната би требало да им се даде директна финансиска помош на оние кои би ги замениле возила кои ги имаат, а кои се под евростандард 4, со возила со евростандард 5 или 6. Втора мерка, за која сè уште не се обезбедени средства, е субвенционирање на купување на хибридни возила.
Фото: Pixabay