Можност за нов мебел со поволностите на Стопанска банка на саемот за мебел

24

IMG_5806

Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД – Скопје е присутна со свој штанд на 42-от меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, којшто трае до 27-ми март.

Посетителите можат да купуваат на овој Саем за мебел на рати со 0% камата со кредитните картички на Стопанска банка. Дополнително, сите посетители кои сакаат нов мебел можат да аплицираат за потрошувачкиот кредит на Банката, без административни трошоци и да поднесат барање на штандот на банката или кај трговците партнери коишто се опремени со ПОС терминали и формулари за аплицирање, што ќе го олеснат купувањето. На истото место постои можност и за аплицирање за бесконтактните картички, коишто нудат нови бенефиции и многу компаративни предности, меѓу кои и фактот дека во повеќето случаи за трансакции до 750 денари не мора да се внесува ПИН  кодот.

“Поради големиот интерес на нашите клиенти и потрошувачи на кредити за финансирање на нов мебел, земајќи ја предвид нашата голема мрежа на трговски партнери и оваа година, како и претходните се одлучивме за присуство на саемот за мебел за да им овозможиме на нашите клиенти најдобра можна понуда за финансирање на нивните желби“, изјави Стефан Пепоски, директор на Дирекција за управување со картични производи на Стопанска банка.

Стопанска банка нуди и корисни совети и бесплатни консултантски услуги од претставниците на Банката, кои на лице место ќе направат пресметка за кредитот, ратата и минималната месечна отплата, можностите и придобивките, потребните документи, начинот на отплата и сите други кредитни критериуми за оние кои сакаат да уживаат во нов мебел.

Меѓународниот саем на мебел секоја година привлекува над 50.000 посетители и учество од над 400 домашни и странски изложувачи. Штандот на Стопанска банка се наоѓа на самиот влез од првата хала и претставува можност за сите оние кои сакаат да купат мебел, тоа да го направат со помош на кредитните производи на Стопанска банка АД – Скопје.