Mr Orange е мал додаток, во облик на сламка за сок, којшто на корисникот му овозможува да пие сок директно од овошјето.
“Mr Orange е шарена сламка што пиењето сок директно од овошјето го прави лесно како пита. Повеќе нема ножеви или алатки за цедење. Може да се користи за сите плодови што може да се цедат, како што се портокали, лимони, мандарини, цитрони и други цитрусни овошја“, велат Урлико Пеклесен и Николо Пасини, креатори на Mr Orange.
Тие на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, бараат поддршка од 5.110 евра за својот проект.