Мрачен туризам!: Ова е една од најопасните земји во светот

Со години, оваа земја се смета за едно од најопасните места за патување – но туристите продолжуваат да одат таму. Во Либија има немири со децении, а особено турбулентни беа по атентатот врз локалниот диктатор Моамер Гадафи.

Оттогаш, борбата за власт се води меѓу соперничките групи од истокот и западот на земјата. Борбите доведоа до тоа многу земји да ја означат Либија како небезбедна за туристите, но тоа не ги спречи некои смели авантуристи да се приклучат на трендот на „опасен туризам“ или „темен туризам“.

Ризици од одење во Либија
САД издадоа патничко предупредување од ниво 4, највисоко, против одење во Либија, предупредувајќи за „криминал, тероризам, неексплодирани мини, граѓански немири, киднапирања и вооружени конфликти“. Владата на Велика Британија, исто така, им советува на туристите да не патуваат во африканската земја.

Сепак, Либија привлекува близу 100.000 меѓународни туристи секоја година, објави „Травел енд Тур Ворлд“, според „Њујорк пост“.

„Се чувствувавме безбедно таму цело време“, рекоа Хадсон и Емили, кои ја посетија Либија во 2024 година.

Двајцата патувале со телохранител кој бил „многу сериозен во врска со својата работа“ и дури одел и во тоалет со нив. И покрај дополнителните мерки на претпазливост, тие уживаа и се восхитуваа на античките урнатини и на Лептис Магна, место на светското наследство на УНЕСКО, „прекрасниот“ град Триполи и „супер пријателските луѓе“.

Но, тоа не значи дека Либија е безбедно место. Минатиот мај, британски турист беше држен под закана со оружје седум часа на воен контролен пункт во Либија.

Даниел Пинто, 26, пристигнал во Либија на 29 мај 2024 година и поминал 21 ден патувајќи – затоа што сакал да го види „мистериозното“ место. Тој се опишува себеси како „опасен турист“ и бил во Иран, Ирак и Сирија. Но овој пат наиде на пречка во својата авантура кога војската го држеше на нишан со часови. Тој не објасни како се извлечел, но не изгледаше премногу потресен од „ужасната“ ситуација кога ја сподели својата приказна.

Пинто и другите кои го игнорираа советот да не посетуваат небезбедни земји се дел од растечката група патници кои не сакаат мохито, но бараат возбуда.

Експертите за патување велат дека забележуваат зголемен интерес за посета на места на природни катастрофи, масовни убиства или други настани или ситуации каде што се случило нешто лошо.