Мрачната страна на биткоинот за која ретко кој зборува

135

Цената на најпознатата крипто валута, биткоин, не е единствена работа што има раст во последно време – количината на електричната енергија што се троши за неговото “рударење“, исто така, е во пораст. Тој податок ги вознемирува експертите, бидејќи остава големи последици по животната средина.

“Енергетските потреби за биткоинот се исклучително големи“, вели Мајкл Раух, научник од Кембриџ за CNBC. Според неговите проценки, потрошувачката во врска со биткоинот чини 0,5% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во светот.

Тој смета дека биткоинот со текот на времето најверојатно ќе троши многу повеќе електрична енергија поради начинот на којшто функционира.

Минатиот месец, кога цената на биткоинот имаше голем раст, се зголемија приходите да “рударите“ за крипто валути, што ги поттикна да почнат да “рударат“.

Побарувачката за поголема сила на компјутерите во иднина ќе се зголемува и тоа ќе бара и поголема потрошувачка на струја. Проблемот е во тоа што околу една петтина од електричната енергија што се користи во светските бази на податоци доаѓа од обновливи извори на енергија што е многу малку.

Фото: Freepik