Законски утврдената минимална плата за декември во Република Северна Македонија ќе изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
Истовремено, државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари, за сите компании од приватниот сектор коишто ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците независно дали се минимални или повисоки. Субвенциите ќе може да се користат во следните три години.
Во моментот минималната плата во државата, како што се наведува, изнесува 12.507 денари.
Фото: Pixаbay