Мукаетов се стекна со 1.445 обични акции од Алкалоид

98

zivko mukaetov

Претседателот на управниот одбор и генерален директор на Алкалоид, Живко Мукаетов, се стекна со 1.445 обични акции издадени од оваа фармацевтска компанија, покажува Извештајот за промена на сопственоста објавен на Македонска берза.

Фармацевтската компанија Алкалоид, во период од први јануари до 31-ви март, оствари нето добивка по оданочување во висина од 191.017.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран Биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од оваа година, вкупните приходи од продажба на компанијата беа на ниво од 1.881.124.000 денари, додека во истиот период лани тие беа 1.719.109.000 денари.