Multi, лифт без кабли што се движи хоризонтално и вертикално

94

lift-jpg

Фото: YouTube

Инженерската компанија ThyssenKrupp дизајнираше лифт којшто може да се движи хоризонтално и вертикално. Лифтот наречен Multi нема кабли и се движи на шини користејќи систем за возење на магнет, сличен на оној во возовите на Маглев, пишува Inhabitat.

По откривањето на нивниот концепт во 2014 година, компанијата градеше висококатница од 246 метри за тестирање на технологијата.

“Веруваме дека Multi ќе го трансформира начинот на кој луѓето се движат, работат и живеат во зградите. Овој лифт ќе ги намали времето на чекање за патниците и ќе зазема помалку простор во зградата, а системот користи дури 60% помалку енергија од традиционалните лифтови“, вели извршниот директор на компанијата. Андреас Ширенбек.

ThyssenKrupp веќе има потпишано договор со OVG Real Estate за поставување на лифтови во кулата East Side Tower во Берлин, којашто треба да биде готова во 2019 година.