Мурат Улкер, најбогат човек во Турција

175

murat ulker

Мурат Улкер, генерален директор на турскиот најголем произведувач на храна Yıldız Holding, се најде на првото место на листата 100 најбогати Турци 2014 на магазинот Forbes, со богатство проценето на 3,7 милијарди долари.

На листата што Forbes ја објави изминатиот викенд, има големи промени на врвот во однос на минатата година. Доминираат милијардери кои водат компании од областа на енергетиката, градежништвото и туризмот, пишува Заман.

Шарик Тара, основачот на најголемата турска градежна компанија ENKA е на втората позиција со богатство од 3,3 милијарди долари. Генералниот директор на Fiba Holding, Хусну Озегин е на трето место со 3 милијарди долари. Ерман Иличак, сопственик на уште една градежна компанија, Rönesans, е на четвртата позиција со богатство од 2,8 милијарди долари. Семат Арсел од Koç Holding, еден од најголемите конгломерати во земјата, е рангиран петти, со 2,2 милијарди долари, а по него следуваат директорот на Doğuş Holding, Ферит Шахенк и почесниот претседател на Koç Holding, Рами Коч, со 2,1 милијарди долари.

Минатата година Шахенк беше на врвот на листата.

Бројките покажуваат пад на вкупното богатство на најбогатите 100 луѓе во Турција, од 117,8 милијарди долари во 2013 на 92,8 милијарди во 2014. Оваа година на листата милијардери во светот има 25 турски бизнисмени, за разлика од лани, кога беа 44.