Фото: Twitter
Британски бенд од Манчестер, Shaking Chains објави уникатен видео спот за својата песна Midnight Oil, којшто е различен секојпат кога го гледате. За спотот се користат алгоритми што избираат случајни делови од снимки што се прикачуваат на Youtube, а резултатот е музичко видео што е секогаш различно, пишува Tech Spot.
Според членот на бендот, Џек Хардикер, проектот е означен како експеримент во алгоритамските филмови.
“Сакав да создадам нешто визуелно, емотивно и поетично поврзано со песната (без разлика дали е убаво, вознемирувачко, несериозно…), вели Хардикер.
Кога компјутерот ќе избере видео снимки, ги монтира во комбинацијата што ја следи музиката, неколку моменти пред да се пушти спотот, пишува Engadget.