Министерството за внатрешни работи ќе вработи на неопределено време девет лица со завршено високо образование од областа на информатичките технологии и две лица со завршено средно училиште од областа на електротехниката, информатиката, електрониката или телекомуникациите.
Според соопштението од МВР, покрај стандардните услови за вработување, кандидатите треба да го познаваат англискиот јазик на работно ниво, а кандидатите кои имаат завршено средно образование при вработувањето ќе имаат предност доколку поседуваат возачка дозвола за Б категорија.
3аинтересираните кандидати треба да ги достават доказите за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар.