Mylife.organic – портал посветен на здравиот начин на живот

544

ДНА Медиа го збогатува своето портфолио со уште еден портал, овој пат посветен на здравиот начин на живот. Станува збор за порталот mylife.organic којшто на едно место ќе ви понуди информации за здрава храна, совети за убавина, рецепти и уште голем број новости поврзани со здравиот начин на живот.

Доколку сакате да се грижите за своето здравје, да ги следите светските велнес трендови и да имате “дигитален“ готвач со здрави и брзи рецепти, тогаш mylife.organic треба да биде интернет страница што ќе ја отворате секој ден.

Инаку, ДНА Медиа од Скопје е компанија за управување со интернет портали и маркетинг.