myTaxi се присоединува кон британски Hailo

29

mytaxi

Креаторот на такси услугата myTaxi, во сопственост на германскиот производител на возила Daimler, ќе се присоедини со британскиот конкурент Hailo, со што ќе се формира најголемата европска платформа за повикување такси преку апликација за мобилни уреди, пишува Reuters.

За разлика од американскиот старт – ап за договарање такси превоз Uber, којашто е конкуренција на такси компаниите, новата компанија ќе соработува со такси превозниците. На овој начин традиционален производител на автомобили влегува на пазарот на нарачување на такси превоз, на којшто доминира Uber и други технолошки компании.

“Ова е договор на хартија. Daimler ќе биде 60% сопственик на новиот субјект, а Hailo 40%“, изјави извршниот директор на Hailo, Ендру Пинингтон, кој ќе биде извршен директор на новата компанија.

Новиот субјект, којшто ќе работи под брендот myTaxi, ќе има 70 милиони патници и 100.000 регистрирани такси возила во повеќе од 50 градови во девет земји во Европа.