На 11.954 работодавачи им е исплатена финансиска поддршка за исплата на плата во октомври

32

Управата за јавни приходи известува дека досега се одобрени 13.696 Барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработени за месец октомври 2020 година, а на 11.954 работодавачи им е исплатена финансиската поддршка.

Вкупната исплата досега изнесува 907.292.339 денари, а опфатени се 58.302 вработени.

Во тек е процесирање на исправките на обрасците БФП-ИП/2 и образецот за Месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН), по чија обработка Управата за јавни приходи дополнително ќе информира.

Фото: Freepik