На 31-ви јануари истекува рокот за воведување фискална каса со GPRS уред

19

На 31-ви следниот месец истекува законската обврска за воведување фискален систем на опрема со вграден GPRS уред на сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и услуги, чии плаќања се извршуваат во готово, информираат од Управата за јавни приходи.

Постапката за регистрација на новите GPRS фискални апарати трае релативно кратко од 10 до 15 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител каде обврзникот ја набавил касата.

“И покрај брзата постапка, а со цел избегнување на метежи, апелираме даночните обврзници да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот – 31 јануари, односно секој кој не ја извршил обврската за регистрација кај некои од овластените производители тоа да го стори веднаш, бидејќи во наредниот период се очекува голем број на фирми да извршат набавка на нови фискални каси, а дополнително претстојат и новогодишните и божикните празници“, стои во соопштението на УЈП.

Според последните податоци на УЈП, постапката за регистрација е заокружена за 26.258 фискални каси со GPRS уред кај 12.591 даночен обврзник.