На 31-ви март истекува рокот за доставување податоци од фирмите што тргуваат со земјоделски производи

53

piperki-zeleni-pixabay

Фото: Skeeze / Pixabay

До 31 март правните лица регистрирани за трговија и преработка на земјоделски производи треба да ги достават податоците за планираниот откуп оваа година и за купеното лани, јавува Миа.

Казната за неисполнување на оваа законска обврска е 1.500 евра.

“Истекува рокот за доставување податоци од фирмите кои тргуваат и преработуваат земјоделски производи. На почетокот на секоја година тие мора да пријават колкави количества храна ќе купуваат од земјоделците“, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Откуп на земјоделски производи може да вршат само правни лица кои се регистрирани за трговија и за преработка во Министерството.

“Триесет дена пред почетокот, трговецот мора да го пријави и местото каде што се наоѓа откупниот пункт заедно со истакнати откупни цени. Продажбата, исто така, мора да се врши со писмен договор меѓу купувачот и земјоделецот. Фирмата што купува мора да има објекти и опрема за преземање, сортирање, складирање и чување на земјоделските производи. Доколку нема сопствени, пунктовите кои ги користи откупувачот мажат да бидат позајмени или закупени“, објаснуваат од Министерството.

Во МЗШВ се регистрирани околу 700 правни лица кои се занимаваат со оваа дејност.