На аеродромот во Франкфурт лани се патувало исто како во 1984-та година

34

Бројот на патници на аеродромот во Франкфурт, поради пандемијата, минатата година го достигна нивото од 1984-та година, објави операторот на главниот германски аеродром, Fraport.

Низ аеродромот во Франкфурт минатата година поминале 18,8 милиони патници, што претставува пад од 73,4%.

Уште поголем пад има во последниот месец од годината, којшто инаку важи за прилични раздвижен месец поради празниците. Во декември падот на бројот на патници е за дури 81,7% во споредба со истиот месец во 2019 година.

“2020 година донесе екстремни предизвици за целиот воздухопловен сектор“, смета Штефан Шулте, претседател на извршниот одбор на Fraport.

Меѓу ретките “светли точки“ на аеродромот е превозот на товар, што лани се намалил само за 8,5%.

Фото: Freepik