На автомобилската индустрија во Бугарија ќе и требаат 45.000 нови работници

34

Фото: Pexels

На автомобилската индустрија во Бугарија ќе и требаат изградба на големи индустриски зони и дополнителни 45.000 работници во следните 3-4 години, поради очекуваниот раст на производство на автомобилски делови, вели извршниот директор на Кластерот на автомобилската индустрија на Бугарија, а пренесува Biznis Info.

Оваа организација иницираше и основање на три нови индустриски зони во близина на Бургас, Софија и Видин, каде што постојат стручни училишта и со цел за т.н. дуално образование (кое подразбира дел од наставата да се одвива и во самите компании)

Бугарската автомобилка индустрија до пред 6 години креираше помалку од 1% од БДП и имаше околу 9.000 работници во триесетина компании.

Денеска сликата е значително променета, со 5% учество во БДП, 47.000 вработени и преку 170 компании на пазарот.