На BkVF во БиХ пред инвеститорите ќе се презентираат 50 регионални компании

38

bkvfНа најголемиот форум за претприемништво и иновации во ЈИЕ, Balkan Venture Forum (BkVF), 50 компании од Балканот ќе добијат можност да ги претстават своите проекти и идеи пред локални, регионални и меѓународни инвеститори.

Форумот оваа година ќе се одржи во хотелот Термаг на Јахорина, на 15 мај и на него ќе присуствуваат 25 инвеститори. Учество најавиле околу 200 претприемачи од БиХ, Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Италија, Германија, Австрија, Албанија, Бугарија и Турција.

Balkan Venture Forum им пружа можност на најперспективните претприемачи кои се занимаваат со технологија на обновливи извори на енергија и рециклирање, информатички технологии и биолошки науки, да ги претстават своите активности, како и да остварат средби со меѓународни стратешки партнери, експерти од фондовите за ризичен капитал, корпоративни и останати инвеститори од Балканот и пошироко.