На Црн Врв во Србија откриено ново наоѓалиште на злато

110

Канадската компанија Avala Resources, која истражува минерални наоѓалишта во источна Србија, на планината Црн Врв, на истражното поле Коркан, открила нови рудни залихи од кои, по преработката, може да се добие 30 тони злато. Со веќе откриените резерви на истата планина, вкупните залихи се 72 тони злато.

“Во моментов сме фокусирани на техничките и економските аспекти од кои ќе зависи проценката дали овој рударски проект е изводлив. Во врска со тоа, во тек е изработка на неколку студии во кои се испитуваат најдобрите методи за да се обезбеди економска исплатливост на проектот отворање рудник”, изјави Џастин ван дер Торн, менаџер во компанијата.

Торн додаде дека следната цел ќе биде изработка на прелиминарни економски проценки, по што компанијата ќе може да премине во фаза на предизведување.