На денешен ден пред 27 години е испратена првата СМС порака

70

На денешен ден пред 27 години е испратена првата СМС (SMS – Short message system) порака. На трети декември 1992 година, тогаш 22-годишниот инженер Неил Парворт од компанијата SEMA преку неговиот компјутер испрати пораки од мрежата на Vodafone на тогашниот шеф на телекомуникациската компанија, Ричард Јарвиш.

Пораката на Парворт била кратка и едноставна и пишувало Merry Christmas (Среќен Божик). Со оваа кратка честитка, тој со големи букви започна ново поглавје во ерата на технологијата и телекомуникациите.

Папворт тогаш не добил одговор на испратената порака, бидејќи тогаш мобилните телефони не биле во можност да одговорат на СМС поради, туку само да ги примат. Неколку години подоцна, нештата се промениле за веќе во 2017 година да се регистрираат 781 милијарда СМС пораки месечно во САД.

Фото: Pixabay